Ви треба помош? Слободно контактирајте не на 077 986 830; 078 410 580
Сакате директна средба? Ќе не најдете на

ул. „Крижевска“ бр. 19

2300 Кочани

За нас

zgrada-aleksМодната Конфекција Алекс е основана во 1990 година со главна дејност – производство на текстилни производи за домашниот пазар, а од 1997 година започнува со производство на горна и долна женска облека за странски пазар, по систем на лон и полулон производство.

Фирмата има два производствени погони и тоа во Кочани и во Пробиштип, со вкупно 9 производствени линии. Алекс произведува конфекциски производи од следниве категории: женски блејзери, женски јакни, женски блузи, сукњи, капути и др.

Во склоп на фирмата се и везачкото одделение и CAD одделението кои ги задоволуваат потребите на фирмата, но своите услуги ги нуди и како сервис за други фирми. Производствените погони се опремени со модерна опрема, а процесот на производство се базира на стандарди што овозможуваат брзи и навремени испораки.

За успехот и напредокот на оваа фирма, секако во најголем дел е заслужен раководниот тим од стручно образувани лица, на чело со г-дин Александар Јосифов како главен менаџер и сопственик.