Ви треба помош? Слободно контактирајте не на 077 986 830; 078 410 580
Сакате директна средба? Ќе не најдете на

ул. „Крижевска“ бр. 19

2300 Кочани

 

Компанијата Алекс има фамилијарна традиција во производството на текстилни производи што започнува уште во далечната 1970 година. Модната конфекција е основана во 1990 година со главна дејност – производство на облека за домашниот пазар, а од 1997 година започнува со производство на горна и долна женска облека за странски пазар, по систем на лон и полулон производство.

Фирмата има два производствени погони и тоа во Кочани и во Пробиштип, со вкупно 9 производствени линии, во кои се ангажирани 360 вработени (www.aleks.com.mk).

Чувствувајќи недостиг на квалитетна градба на регионалниот пазар на недвижности, компанијата одлучува да влезе во уште еден деловен правец – високоградба.

Најпрвин за свои потреби, во 2000 год., го гради современиот деловен објект со 1600 м2 работна површина, на ул. „Григор Прличев“ во населбата „Зелен појас“.

Со зголемувањето на производството и проширување на производствениот асортиман, се јавува потреба и од нов производствен погон. Затоа во 2002 год., во Пробиштип, компанијата го отвора вториот производствен погон, објект со над 2200 м2 работна површина, кој поседува многу практични решенија.

Во 2012 год. компанијата го завршува градењето на модерната деловна зграда со над 3000 м2 затворена работна површина, каде и го сели главниот производствен погон. Со овој објект компанијата постави нови стандарди за изгледот и функционалноста на деловните објекти.

Зграда - „Зелен Појас“ - Кочани

Објект изграден во 2000 год.

Производствен погон - Пробиштип

Објект изграден во 2002 год.

Деловна зграда и производствен погон - Кочани

Објект изграден во 2012 год.

Деловна зграда и производствен погон - Кочани

Објект во изградба

Со веќе стекнатото искуство, но и поттикнати од позитивниот одговор на пазарот на недвижности на веќе изградените објекти, во 2015 год. компанијата започнува со градба на луксузниот станбено – деловнен комплекс „АЛЕКС“.

За успехот и напредокот на оваа фирма, секако во најголем дел е заслужен раководниот тим од стручно образувани лица, на чело со г-дин Александар Јосифов како главен менаџер и сопственик.

 

Македонска градба со европски и светски квалитет

Во срцето на градот, на ул. „Скопска“ во населбата Калиманова Глава е лоциран станбено – деловниот комплекс „АЛЕКС“. Одличната местоположба на објектот овозможува брза комуникација со било кој дел од градот, а мирната околина е идеално место за одгледување на деца.

Околу зградата се предвидени над 250 слободни паркинг места, додека на задниот дел ќе има уредена околина, хортикултурно оплеменета и со осмислени содржини (шеталиште, парк, детско игралиште…)

Зграда 2

 

Зграда 1

Со веќе изградените објекти ги надминавме стандардите за градба во регионот, па и пошироко. Тоа го постигнавме со примена на меѓународните стандарди, трендови и најнови технологии, но и со посветување на особено внимание на квалитетот на градба, како и со изборот на најквалитетни материјали, кои поседуваат ISO9001 сертификати за квалитет и ISO 14001 за заштита на животната средина.

Затоа и новиот објект продолжуваме да го градиме со најдобрите.

Со употребата на сертифицирани материјали за градба од најново производство на нашите клиенти им овозможуваме долгорочно да уживаат во современите светски придобивки на безбедното, квалитетно, здраво и економично домување.

Становите кои ги нудиме се со различни големини, од 45м2 до 95м2, но сите се со функционален, максимално искористен станбен простор, по мерка на купувачите. Поседуваат одлични енергетски параметри, кои овозможуваат долгорочна заштеда на енергија за греење и ладење.

Ентериерот е со одличен квалитет, модерен дизајн, првокласен германски ламинат по сите европски стандарди, целосно опремена бања и блиндор врати за Вашата сигурност.

Естетиката и функционалноста на зградата се надополнети со два модерни и брзи лифтови со капацитет од 10 лица по лифт, односно можат да ги користат 20 лица во исто време .

Целиот објект е споен на градската инфраструктура: водовод и канализација, електрична инсталација, телефонска инсталација и кабелска телевизија.

Како надополнување на урбаниот конфор е и фактот дека во комплексот се наоѓа најголемиот хипер маркет во регионот, Кит – Го, со површина од 1.150 м2.

Асеизмичка безбедност е потврдена од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Имајќи го ова во предвид, стручниот тим, предводен од главниот двигател, генералниот менаџер Александар Јосифов, Ви гарантира дека нема само да купите неколку десетина метри квадратни простор, туку ќе добиете сигурен, траен и квалитетен дом, со долгорочен квалитет, кој нема да загуби од вредноста со текот на времето.

Соработуваме со најдобрите: