Алекс Premium 05 - Кочани
Продолжувајќи ја нашата урбана визија, со задоволство ве информираме за најновиот објект во комплексот „Алекс“ – „Premium Residence 5“. Овој стилски станбен објект е сместен на ул. „Скопска“, во населбата „Калиманова глава“ во Кочани, и нуди извонредна локација со лесен пристап до сите делови на градот, останувајќи во мирна и идеална средина за семеен живот.
Посветивме особено внимание на употребата на најсовремени и сертифицирани материјали за градба, кои гарантираат долготрајност, сигурност и еколошка одговорност.
Становите во „Premium Residence 5“ се со големина од 51 м2 до 99 м2 и се карактеризираат со функционалност и одлична енергетска ефикасност што им овозможува на нашите клиенти да уживаат во современиот и удобен начин на живеење кој го заслужуваат.
Алекс Premium 01 - Штип
Комплексот “АЛЕКС” е лоциран на ул. „Сремски фронт“, на само неколку минути од центарот на Штип. Близината на детска градинка, основно училиште и спортска сала, ќе ви овозможи комфорно и спокојно домување.
Становите кои ги нудиме се со различни големини од 50м2 до 88м2, сите со функционален максимално искористен простор, по мерка на купувачите.
Нашата примарна цел е обезбедување на максимално функционални, квалитетни и современи домови. Искуството, препознатливиот квалитет и користењето на современи градежни материјали, дава нов правец во користењето на современи станбени објекти, кој им овозможува на нашите клиенти долгорочно да уживаат во безбедно, квалитетно и економично домување.
Алекс Н11 - Штип
Со задоволство сакаме да Ве информираме дека започна продажбата на станови во втората зграда од комплексот “АЛЕКС” во Штип. Оваа зграда нуди уште повеќе опции за станбено живеење и е прилагодена на потребите на клиентите.
Становите се различни по големина и распоред, од 42m2 до 73m2, и се на истата внимателно избрана локација во близина на спортската сала “Јордан Мијалков”. Секој стан нуди функционален и максимално искористен станбен простор. Предвидени се и паркинг места околу комплексот, како и помошни простории на подрумското ниво.
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме јавете се на нашиот контакт телефон или посетете ја нашата продажна канцеларија. Нашите агенти со задоволство ќе Ви помогнат да одберете стан кој Вам најмногу Ви одговара.
Алекс Н10 - Штип
Комплексот “АЛЕКС” е лоциран на ул. „Партизанска“ во населбата Сењак 4 во Штип, во непосредна близина на спортската сала ”Јордан Мијалков”.
На само неколку минути од центарот на Штип, внимателно избраната локација на нашиот нов станбен објект, ќе Ви овозможи комфорно и спокојно домување.
Становите кои ги нудиме се со различни големини, од 49м2 до 98м2, сите со функционален максимално искористен станбен простор, по мерка на купувачите. Околу комплексот се предвидени паркинг места за секој стан, како и подрумско ниво со помошни простории.
Дополнително, станбениот објект Алекс е збогатен со бројни зелени површини во околината кои формираат пријатна атмосфера за жителите.
Алекс 4 - Кочани
Нашата урбана приказна ја продолжуваме со „Алекс 4“, уште еден прекрасен станбен објект во комплексот згради „Алекс“.
Сместен е на атрактивна локација, на ул. „Скопска“, во населбата „Калиманова глава“ во Кочани. Одличната местоположба на објектот овозможува брза комуникација со било кој дел од градот, а мирната околина е идеално место за одгледување на деца.
Со употребата на сертифицирани материјали за градба од најново производство на нашите клиенти им овозможуваме долгорочно да уживаат во современите светски придобивки на безбедното, квалитетно, здраво и економично домување.
Становите, со големини од 48 м2 до 94 м2, поседуваат одлични енергетски параметри, кои овозможуваат долгорочна заштеда на електрична енергија.
ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА НАШАТА КОМПАНИЈА
Зошто да не одберете нас?
Од моето досегашно искуство со градбите во Америка, можам слободно да кажам дека зградите „Алекс“ не само што ги задоволуваат сите Амерички стандарди, туку во многу области многукратно и ги надминуваат.
Прекрасно е да се живее во оваа зграда. Мислам дека се’ е направено онака како што треба. Сепак она што мене најмногу ме воодушевува се одличната звучна и термичка изолација како и неверојатниот поглед кон градот.
Од нашиот нов стан добивме многу повеќе отколку што очекувавме. Секој метар квадратен е оптимално искористен, така што нашиот нов дом е удобен и комфорен.
Најмногу ми се допаѓа локацијата на зградата. Бидејќи е близу до центарот, за многу кратко време се стигнува до било која дестинација во градот. Исто така ми се допаѓа што пред зградата секогаш има слободни паркинг места.
НИЕ СМЕ ПРОФЕСИОНАЛЦИ