Во внатрешноста на зградата има 82 станови, распоредени на седум ката, што овозможува интимност, комотност и приватност во живеењето на станарите. Ентериерот се темели на два засебни влеза за потребите на станарите, главен влез со јужна ориентација и втор влез со западна ориентација. Централно се поставени вертикалните комуникации, со надстандардни скалишни јадра и природна светлина и вентилација.
Во централниот дел во приземјето има посебно осмислена заедничка просторија, на располагање на станарите за нивно заедничко дружење.
Објектот има два брзи, модерни лифтови со капацитет од 10 лица по лифт.
Уникатниот ентериерен концепт, атрактивната локација, пристапноста од повеќе улици како и квалитетната изведба го прави овој комплекс посебен.