Алекс Станови

ЈАВЕТЕ СЕ НА:

+389 (0)78 410 580 | +389 (0)77 986 830

ИЛИ ПИШЕТЕ НИ НА:

СТАНБЕНИ ЗГРАДИ - АЛЕКС

Македоска градба - Европски и светски квалитет

Во срцето на градот, на ул. „Скопска“ во населбата Калиманова Глава е лоциран станбено – деловниот комплекс „АЛЕКС“. Одличната местоположба на објектот овозможува брза комуникација со било кој дел од градот, а мирната околина е идеално место за одгледување на деца.

Околу комплексот се предвидени над 250 модерни паркинг места, додека на задниот дел ќе има уредена околина, хортикултурно оплеменета и со осмислени содржини (шеталиште, парк, детско игралиште…)

Со веќе изградените објекти ги надминавме стандардите за градба во регионот, па и пошироко. Тоа го постигнавме со примена на меѓународните стандарди, трендови и најнови технологии, но и со посветување на особено внимание на квалитетот на градба, како и со изборот на најквалитетни материјали, кои поседуваат ISO9001 сертификати за квалитет и ISO 14001 за заштита на животната средина.

Затоа и новиот објект продолжуваме да го градиме со најдобрите.

Со употребата на сертифицирани материјали за градба од најново производство на нашите клиенти им овозможуваме долгорочно да уживаат во современите светски придобивки на безбедното, квалитетно, здраво и економично домување.

Становите кои ги нудиме се со различни големини, од 45м2 до 100м2, но сите се со функционален, максимално искористен станбен простор, по мерка на купувачите. Поседуваат одлични енергетски параметри, кои овозможуваат долгорочна заштеда на енергија за греење и ладење.

Ентериерот е со одличен квалитет, модерен дизајн, првокласен германски ламинат по сите европски стандарди, целосно опремена бања и блиндор врати за Вашата сигурност.

Естетиката и функционалноста на зградата се надополнети со два модерни и брзи лифтови со капацитет од 10 лица по лифт, односно можат да ги користат 20 лица во исто време.

Целиот објект е споен на градската инфраструктура: водовод и канализација, електрична инсталација, телефонска инсталација и кабелска телевизија.

Асеизмичка безбедност е потврдена од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Имајќи го ова во предвид, стручниот тим, предводен од главниот двигател, генералниот менаџер Александар Јосифов, Ви гарантира дека нема само да купите неколку десетина метри квадратни простор, туку ќе добиете сигурен, траен и квалитетен дом, со долгорочен квалитет, кој нема да загуби од вредноста со текот на времето