Совети од дизајнери на ентериер
Најчестите грешки во декорирањето на дневната соба
Декорирањето на дневната соба може да биде голем предизвик, но и забавно и креативно искуство. Многу пати, барајќи го идеалното решение, може да дојде до низа грешки.
Во прилог се некои од најчестите грешки при декорација на дневниот престој, според ентериер-дизајнерите.
Изборот на подот и тепихот и те како игра голема улога во целосната слика на дневната соба. Според дизајнерите на ентериер, тепихот треба да биде со големина која ќе ги собере сите главни елементи во тој дел. На пример, не треба да нема непокриен простор помеѓу масата и гарнитурата.
Сепак, се разбира, тепихот не треба да биде ни премногу голем, за да не се добие слика на претрупаност во самата просторија.
Комбинацијата од повеќе естетски стилови во една просторија, најчесто оддава впечаток на неуреденост.
Советот е да се држите до еден одреден стил, како на пример скандинавски стил или стил на индустриски дизајн.