ЗА АЛЕКС СТАНОВИ
За Алекс
Компанијата Алекс има фамилијарна традиција во производството на текстилни производи што започнува уште во далечната 1970 година. Модната конфекција е основана во 1990 година со главна дејност – производство на облека за домашниот пазар, а од 1997 година започнува со производство на горна и долна женска облека за странски пазар, по систем на лон и полулон производство.
Фирмата има два производствени погони и тоа во Кочани и во Пробиштип, со вкупно 9 производствени линии, во кои се ангажирани 360 вработени (www.aleks.com.mk).
Чувствувајќи недостиг на квалитетна градба на регионалниот пазар на недвижности, компанијата одлучува да влезе во уште еден деловен правец – високоградба.
Најпрвин за свои потреби, во 2000 год., го гради современиот деловен објект со 1600 м2 работна површина, на ул. „Григор Прличев“ во населбата „Зелен појас“.
Со зголемувањето на производството и проширување на производствениот асортиман, се јавува потреба и од нов производствен погон. Затоа во 2002 год., во Пробиштип, компанијата го отвора вториот производствен погон, објект со над 2200 м2 работна површина, кој поседува многу практични решенија.
Во 2012 год. компанијата го завршува градењето на модерната деловна зграда со над 3000 м2 затворена работна површина, каде и го сели главниот производствен погон. Со овој објект компанијата постави нови стандарди за изгледот и функционалноста на деловните објекти.
Со веќе стекнатото искуство, но и поттикнати од позитивниот одговор на пазарот на недвижности на веќе изградените објекти, во 2015 год. компанијата започнува со градба на луксузниот станбено – деловнен комплекс „АЛЕКС“.
За успехот и напредокот на оваа фирма, секако во најголем дел е заслужен раководниот тим од стручно образувани лица, на чело со г-дин Александар Јосифов како главен менаџер и сопственик.